Денеска (4 октомври) од 10 до 18 часот, во „Јавна соба“ во Скопје ќе се одржува Фестивалот на биодиверзитетот, посветен на автентичната храна и локалното производство.
Фестивалот се одржува по четврти пат и го организира „Слоу фуд Водно“ со поддршка од „Слоу фуд Македонија“. Во фокусот ќе биде планинскиот чај, за кој ќе зборува Самет Абдули од мавровско Ростуше. Децата ќе ги забавува магионичарот Кристијан. Најавени се и работилници за кисело тесто.
На фестивалот ќе земат учество над 25 производители од Македонија. Музика ќе пушта диџеј Соул Кејс.