БОЈАНА СКЕНДЕРОВСКИ ЌЕ ГО ОДРЖИ ПРВИОТ СОЛИСТИЧКИ КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ НА 13 ДЕКЕМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Бојана Скендеровски ќе го одржи првиот солистички концерт во Скопје, на 13 декември од 20 часот во Филхармонијата. Поп-пејачката го нарече концертот „Бесмртна“ и со него ќе прослави 23 години кариера.

Бојана Скендеровски, претходно Атанасовска, започна да пее во проектот за млади таленти „М2, потрага по ѕвезда“, а во 2003 победи на Макфест со песната „Немам одбрана“.

Овој концерт е мојата благодарност кон публиката, музиката и кон сите моменти што ме обликуваа како уметник и човек. Ќе пеам со срце, ќе ве водам низ мојата приказна. Ветувам многу љубов и вистински емоции, вели Скендеровски.

Билетите се пуштени во продажба преку продажната мрежа на kupikarta.com.