„ФРАЈЛЕ“ СО ДВА КОНЦЕРТА ВО СКОПЈЕ, НА 18 ОКТОМВРИ И 16 НОЕМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Женската група „Фрајле“ од Нови Сад ќе одржи два концерта во Скопје, на 18 октомври и на 16 ноември во Филхармонијата, и двата од 21 часот.

„Фрајле“ одржаа весел концерт на 15 март во истата сала и ја разиграа публиката со нивните хитови и со песни од Тоше, „Леб и сол“ и народни песни од Македонија и Војводина. Највпечатлива беше изведбата на нивната верзија на „Јовано, Јованке“, која ја пеат насекаде низ регионот, а беше своевидно шоу од шест минути. Во редовниот репертоар им е и „Во коси да ти спијам“ од Тоше Проески.

„Никогаш не го запознавме Тоше, но да го знаевме, сигурно ќе имавме снимено нешто заедно“, рекоа „Фрајле“.

Членки на групата се Јелена Буча, Наташа Михајловиќ и Невена Буча. Годинава слават 15 години постоење, а во март излезе нивниот осми студиски албум.

Билетите се продаваат преку мрежата на Купи карта.

Фото: К. Попов