УЧЕНИЦИ ОД КРУШЕВО ЌЕ ГИ ПРЕЧЕКААТ МАРАТОНЦИТЕ КОИ ТРЧААТ ОД НОВА ГРАДИШКА ВО ЧЕСТ НА ТОШЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Денеска (16 октомври) во Крушево пристигнуваат маратонците од Нова Градишка, Хрватска, кои секоја година трчаат маратон во чест на Тоше Проески на денот кога почина. Тоше загина во сообраќајка кај Нова Градишка пред 18 години.

„Денеска околу пладне, сите ученици од основно и средно училиште ќе ги пречекаат маратонците со ружи на улицата Тоше Проески“, ни рече Стерули Штерјоски, член на Управниот одбор на Спомен-куќата „Тодор Проески“.

Тој и уште неколкумина волонтери ја средија улицата Тоше Проески во Крушево, велејќи дека е лут затоа што последниве години била запуштена. Штерјоски долги години беше другар со Тоше и е вклучен во организацијата на сите настани посветени на него во нивниот роден град.

М. ЏАРОВСКА