„Адидас“ ја претстави официјалната топка за Светското фудбалско првенство во 2026. Таа содржи мотиви на јаворов лист, ѕвезда и орел, кои ги симболизираат трите држави-домаќини, Канада, Мексико и САД.
„За првпат ќе гледаме светско првенство во три земји, а со тоа доаѓа и топка достојна за таа пригода. Штом беа објавени домаќините на првенството, знаевме дека мора да направиме нешто посебно – топка што може да се игра насекаде, од двор до најголемата сцена на светот. Ова е визуелно најразиграната топка за светско првенство во фудбал што некогаш сме ја создале“, изјави Солене Сторман, директорка во „Адидас“.
Наречена „трионда“, топката содржи иновативен сензор за движење сместен во специјално креиран слој во еден од четирите панели. Сензорот ќе пренесува прецизни податоци за топката до ВАР-системот во реално време, што ќе им помогне на судиите побрзо да носат одлуки за офсајд, велат од „Адидас“.