Швајцарскиот бенд „Тут блу“ (Tout Blue) ќе одржи концерт во Скопје на 22 октомври, во кино Фросина во Младински културен центар, со почеток во 21 часот.
„Тут блу“ започнал како проект на мултиинструменталистката Симон Обер, а денес е квартет во кој уште членуваат Лучано Турела (виола), Беатриз Раимундо (виолончело и ефекти) и ПОЛ (електроника и семплирање).
„‘Тут блу‘ ја слават слободата на звукот и просторот без ограничувања и компромиси. Се карактеризираат со силен ритмички пулс, хипнотични гудачи и етеричен вокал со надреална димензија што трепери помеѓу шепот и крик. Нивната музика создава звучен пејзаж што се протега од кревка акустика и суптилни мелодии до експресивни електронски и пост-панк текстури“, најави организаторот „Розе кандилак“.