САКАМ ДА ЈА РАСКАЖУВАМ ПЕСНАТА ПРЕКУ ТАНЦОТ, ВЕЛИ ЛАРА ИВАНОВА ЗА „ДОМИНАНТЕН“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Младата македонска пејачка Лара Иванова ја сними новата песна „Доминантен, која ја испеа на јубилејниот 40. Макфест.

„Песната има заразен ритам и сценска енергија што потсетува на најголемите имиња од новата генерација на светски поп-ѕвезди. Настапот на Макфест за мене беше продолжение на она што се случува во видеоспотот. Сакав публиката да ја почувствува истата енергија што ја пренесувам на екранот, силна, но и емотивна. Да пееш и танцуваш на настап е навистина напорно, но тоа е дел од она што го сакам. Сакам музиката да ја раскажувам и преку движењето, не само преку зборовите“, рече Лара Иванова.

Автори на музиката за „Доминантен“ се Лара Иванова и Андреј Николов, текстот е на Андреј Поповски и Робин Зимбаков, а аранжманот, миксот и мастерингот се на Николов.