„К-15“ СНИМИЈА ДОКУМЕНТАРЕЦ КОЈ ЌЕ СЕ ПРОМОВИРА НА 5 ДЕКЕМВРИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Триото „К-15“ сними документарен филм насловен „К-15: Од другата страна“, кој го опишува како филм со скриена приказна за најголемиот хумористичен феномен. Документарецот ќе се промовира на 5 декември во Македонскиот народен театар (МНТ) од 20 часот. Останатите проекции се закажани на 6, 7, 13 и 14 декември.

„Ова се искрени сведоштва, ретки архивски материјали и приказни од луѓе кои директно или индиректно биле дел од една посебна ера“, велат Васко Тодоров, Бранко Огњановски и Бубо Каров.

Во филмот зборуваат Игор Џамбазов, Никола Ристановси, Коле Ангеловски, Жарко Димитриоски, Мирослав Масин и други. Режисер и сценарист е Ико Каров, а продуценти се агенцијата „БДГ“ и „Гуд медиа“. По премиерата, публиката ќе има можност да ги праша Огњановски, Тодоров и Каров сѐ што ги интересира за филмот.

Билетите се продаваат преку мрежата на kupikarta.com.

Во мај, „К-15“ трипати ја наполнија салата „Борис Трајковски“ со настапите со кои прославија 30 години од популарната хумористична емисија.