РОНАЛДО НАЈАВИ ДЕКА НАСКОРО ЌЕ СЕ ПЕНЗИОНИРА ЗА ДА ПОМИНУВА ПОВЕЌЕ ВРЕМЕ СО СЕМЕЈСТВОТО

Лондон, (Ројтерс)

Кристијано Роналдо изјави дека наскоро ќе се пензионира и иако признава дека ќе му биде тешко да ја заврши својата блескава кариера, веќе некое време го планира својот живот по завршувањето со фудбалот.

Напаѓачот на Ал Наср е најдобриот стрелец на сите времиња со 952 голови за клубови и репрезентацијата и минатиот месец изјави дека целта му е да постигне 1.000 голови пред да се откаже од фудбалот.

„Мислам дека ќе бидам подготвен. Ќе биде многу, многу тешко, но ја подготвував мојата иднина уште од 25, 26, 27 години. Мислам дека ќе бидам способен да го издржам тој притисок. Ништо нема да може да се спореди со адреналинот што го имам кога постигнувам гол. Но, сè има почеток и крај. Ќе имам повеќе време за себе, моето семејство и за моите деца“, рече тој во интервјуто со Пирс Морган.

Роналдо предизвика фудбалски бум во Саудиска Арабија откако дојде во 2023, што следеше по трофејните сезони во Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус. Иако има 40 години, Роналдо и натаму е лидер на португалската репрезентација, за која има дадено 143 гола на 225 натпревари.

(Фото: АП)