АНГЕЛ КОРУНОВСКИ ЈА ПОСТАВИ ИЗЛОЖБАТА „ЛЕТАРГИЈА“ ВО ЊУЈОРК

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Велешкиот уметник Ангел Коруновски имаше изложба во Њујорк насловена „Летаргија“. Тој се претстави со цртежи во дигитална графика. Концептот е да се потсети на човекот, кој е секојдневна инспирација во различни уметности. Секое дело има своја порака.

„Изложбата е циклус дела што го работам подолго време. Инспириран е од маргинализацијата и глобализацијата на човештвото. Иако човекот е најбитен, тој е маргинализиран, системот прави да биде отстранет и делумно невидлив. Движењата на овие лица, гестикулациите покажуваат еден момент, летаргија, опсесија. Како минува времето, сѐ помалку обрнуваме внимание на човештвото, на тоа што го прави човекот човек. Четири дела се големи формати, работени два на три метри, другите се рачно правени цртежи, скици со туш и перо. Работев цртежи на голи тела оти голотијата ја покажува искреноста, но нема експлицитни сцени“, кажа Коруновски.

Изложбата беше поставена во галеријата „МЦ’.

П. ПЕЧКОВ