СКАРЛЕТ ЈОХАНСОН ЌЕ ГЛУМИ ВО НОВАТА ВЕРЗИЈА НА „ЕГЗОРЦИСТ“

САД, (Вашингтон пост)

Скарлет Јохансон ќе глуми во новата верзија на „Егзорцист“, што ќе ја снима режисерот Мајк Фланаган. „Блумхаус“ и „Јуниверзал“ стојат зад најновиот обид за оживување на хорор франшизата по неуспешниот обид од 2023.
Фланаган го напиша сценариото и ќе го режира и продуцира новиот филм.

Оригиналниот „Егзорцист“, базиран на романот на Вилијам Питер Блати, беше режиран од Вилијам Фридкин и доби два оскара од 10 номинации.

„‘Егзорцист’ е една од причините зошто станав режисер и чест ми е што имам можност да пробам нешто свежо, смело и застрашувачко“, кажа Фланаган.

Ова ќе биде прв хорор филм за Јохансон.