ДВЕ ДЕТСКИ НОВОГОДИШНИ ПРЕТСТАВИ ДО 30 ДЕКЕМВРИ ВО ДРАМСКИ ТЕАТАР СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Дедо Мраз ослабел?” и „Заспаната добрина”, се двете детски новогодишни претстави што ќе играат на 25, 26, 27 и 30 декември на големата сцена на Драмски театар Скопје.

„Дедо Мраз ослабел’ е весела, динамична и едукативна претстава што преку многу смеење, песна и интеракција со децата ја носи празничната порака за прифаќање, добрина и верба во магијата на Новата година“, велат од Драмски театар Скопје.

Во претставата играат актерите на продукцијата „Театар за тебе”: Изабела Јакимова, Гоце Андонов, Ане Блажовски и Ангела Лефкова. Техничка поддршка: Сара Томевска.

“Заспаната добрина” е новогодишна детска претстава исполнета со хумор, авантура и важни воспитни пораки. Приказната ги следи Рудолф, Милан и Баба Мразица, кои се подготвуваат за Новата година, сѐ додека не се појави непослушното девојче Тина, решено да ја уништи новогодишната магија.

Претставата е продукција на ансамблот „Театар за тебе”. Улогите ги играат актерите: Јанка Лефкова, Јана Вељановска, Мина Јелушиќ Јериниќ, Никола Милошевски и Милан Петровски.

Времетраење на претставите е  45 минути. Билетите по цена од 250 денари може да се купат на билетарницата на Драмски театар Скопје.