Поп-пејачката Марија Данева и бендот „Стенд бај“ снимија дует со Ѓоко Танески насловен „Во твои раце“. Музиката ја напиша Сашо Стојановски, текстот е на Весна Малинова, а аранжманот и мастерингот ги направи Иван Петровски.
„Песната како за мене да е напишана. Многу ми е драго што ни се погоди од прва и што Марија и бендот ме поканија да го снимиме овој дует“, вели Ѓоко Танески.
Данева е пејачка во бендот „Стенд бај“, Александар Авукатов свири бас, Сашо Стојановски тапани, а гитарист е Дарко Спировски.

За песната е снимен и спот во продукција на „Фокус филм“, а го режираше Владимир Митревски-Ѓуле.
Поп-пејачката Марија Данева во октомври 2024 ја промовираше својата прва песна „Љубов“, заедно со „Стенд бај“.
„Песната е вистинска љубовна приказна, а ја работевме со многу љубов. Самата енергија додека ја снимавме, позитивната атмосфера за време на снимањето на спотот и поврзаноста помеѓу сите нас се одлични показатели кои говорат дека сме направиле вистински избор на песна и спот“, рече Данева на промоцијата.
М. ЏАРОВСКА