ВО МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНСКАТА БОРБА СЕ ОТВОРА ИЗЛОЖБАТА „РАЦЕТЕ НА ТРАДИЦИЈАТА“

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

„Рацете на традицијата“ е насловена изложбата од Елизабета Марковска која ќе се отвори денеска (1 декември) во 19 часот во Музејот на македонската борба за самостојност.

Во соработка со Најмалиот етнолошки музеј во светот во село Џепчиште, изложбата е посветена на традиционалните занаети и нивниот пат од минатото кон современоста.

„Преку изложените предмети и фотографии посетителите ќе имаат можност да ги откријат приказните зад секој рачно изработен предмет, да ги запознаат мајсторите занаетчии и да почувствуваат како преку нивните раце традицијата добива нов живот“, велат од Музејот.

Изложбата ќе трае до 15 декември.