„ПАВИЛЈОН“, ПОСЛЕДНИОТ ФИЛМ НА МЕТО ЈОВАНОВСКИ, ВО КИНО ФРОСИНА НА СИНЕДЕЈС

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Програмата на Фестивалот на европски филм Синедејс, за денес и утре (6 и 7 декември) носи две значајни македонски копродукции, последниот филм на легендарниот македонски глумец Мето Јовановски (кој почина во 2023) во „Павилјон“, на Дино Мустафиќ, копродукција со „Круг филм“ од Скопје, и детскиот филм „Бумбарово лето“ на Даниел Кушан, повторно во копродукција со „Круг филм“ од Скопје.

„Имам огромна чест што мојот филм ќе биде прикажан на Синедејс во Скопје, а истовремено ми е жал што не можам да присуствувам на проекцијата, пред сé како знак на благодарност кон соработниците од Македонија. Тие покажаа врвна стручност, професионалност, но пред сé човечност без која ‘Бумбарово лето’, немаше да биде тоа што е. Искрено се надевам дека младата публика ќе ужива во нашиот филм“, вели режисерот Даниел Кушан за Синедејс.
6 декември

Кратки филмови

Бадникови Светилки – режија: Ѓорѓи Лазаров – 19 часот, сала 25 Мај
Турбо Нет – режија: Надежда Панов – 21 часот, сала 25 Мај

Официјална конкуренција
Проблематични девојки – режија: Уршка Џукиќ – 20 часот, сала 25 Мај

МК / ЕУ
Павиљон – режија Дино Мустафиќ – 20 часот Кино Фросина

ГАЛА
Нов Бран – режија: Ричард Линклатер 22 часот, Кино Фросина

Зимски Македокс
Фиуме или смрт – режија: Игор Бежовиќ 21:20, Сала 25 Мај

Дејвид Линч е на CINEDAYS
Глава за бричење – 17 часот, Кинотека
Твин Пикс: Огну оди со мене – 19 часот, Кинотека
Дејвид Линч – кратки филмови – 22:30 часот, Кинотека
7 декември

Кратки филмови

Мала шега – режија: Трифун Ситниковски– 19 часот, Сала 25 Мај
Остров – режија: Бранко Костески – 21 часот, Кинотека

Официјална конкуренција
Ти си вселена – режија: Павло Остриков – 22 часот, Кино Фросина

МК / ЕУ
Бумбарово лето – режија: Даниел Кушан – 12 часот, Кино Фросина

СЕЕ
Пакет вечност – режија: Магдалена Илиева – 20 часот, Сала 25 Мај
Добри деца – режија: Филип Перузовиќ – 21:20 часот, Кинотека

ГАЛА
Татко, мајка, сестра, брат – режија: Џим Џармуш 20 часот, Кино Фросина
Без избор – режија: Парк Чан – Вок 21 часот, Сала 25 Мај

Зимски Македокс
Земја и крилја– режија: Стефан Малешевиќ 19 часот, Кинотека