Триесет и пет држави ќе настапат на следната Евровизија во Виена, што е најмала бројка од воведувањето на полуфиналето во 2004 година. Ова се должи на бојкотот на Ирска, Шпанија, Холандија, Словенија и Исланд во знак на протест поради учеството на Израел.
Европската радиодифузна унија потврди дека во Виена ќе пеат Албанија, Ерменија, Австралија, Австрија, Азербејџан, Белгија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Грузија, Германија, Грција, Израел, Италија, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Молдавија, Црна Гора, Романија, Норвешка, Полска, Португалија, Сан Марино, Србија, Шведска, Швајцарија, Украина и Велика Британија.
Бугарија, Романија и Молдавија не учествуваа оваа година.
Полуфиналните вечери се на 12 и 14 мај, а финалето ќе се одржи на 16 мај.