Антониа Гиговска, „Либеро бенд“ и Миле Кузмановски ќе пеат за Нова година во скопската општина Кисела Вода, во паркот „Шопен“. Настапуваат и диџеј Марио со труба, „Пауза за ракија“, Оле Поцкова од „Зевзекманија“ со стендап, како и Бока Конга и Боби Сакс.
Градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска ја најави тридневната манифестација „Новогодишна приказна“ која ќе се одржи од 28 до 30 декември во паркот „Шопен“. Таа рече дека паркот ќе биде празнично уреден, со новогодишни куќарки со храна и пијалоци.
„Организираме три дена новогодишни случувања со богата програма и настапи на квалитетни македонски музичари, наменета за сите генерации, На 30 декември, за децата е предвидена програма со музички точки од градинките ‘8 Март’ и ‘Весели цветови’, претстава со Дедо Мраз, анимирана програма, мини-концерт на училишните бендови и настап на диџеј Марио. Бесплатни новогодишни пакетчиња ќе добијат сите деца од општината“, најави Стаменкоска-Трајкоска.
.