Неколку македонски диџеи и бендови ќе настапат на Зимскиот фестивал кој од денес (24 декември) до 28 декември
ќе се одржува во Скопје пред салата „Борис Трајковски“.
Секој ден, фестивалот почнува од 18 часот и ќе трае до полноќ, а за викендите почнува од 12 часот.
Освен музичката програма ќе има повеќе штандови за храна и пијалоци.
Ќе настапат бендовите „Рингтонс“ (фото), „Куку леле“, „Дуо Дис“, „Брејкдаун бенд“ Васил Ангелов со својот бенд, а публиката ќе ја забавуваат и диџеите Иван, Гардиан, Омимен, Фичо, Тина Мицковска, Фудимен, Мац, Фрики, Тами, Боно заедно со танчарите од „Брејк а лег“. Анимација за децата ќе подготви „Фанимејшн“.