Од вечерва (27 декември) до 31 декември, на Градскиот плоштад во Крива Паланка ќе се одржат повеќе предновогодишни концерти и забави за деца.
Новогодишниот базар ќе биде отворен вечерва (27 декември) од 19 часот. Утре (28 декември) од 18 часот, концерт ќе одржи етно-групата „Љубојна“, a од 19 часот настапува Тајзи.
На 29 декември ќе има дневна програма за најмладите од 11 часот. Најавен е новогодишен базар и изложба на талентирани ученици од основните училишта ООУ „Св. Јоаким Крчовски“, ООУ “Илинден“ и гимназијалците од СОУ „Ѓорче Петров“. Ќе има и аниматори од омилените цртани филмови, диџеј, кловнови, жонглери и новогодишна претстава. Од 18 часот, концерт ќе одржат Пајак и Лара, а од 19 часот „Бени и Нон стоп“.
На 30 декември од 11 часот ќе се одржи дневна забава за деца со изложба на рачно изработени креации од талентирани ученици. Најавени се и аниматори од цртаните филмови, жонглери и детски претстави.
Сара Мејс со женскиот квартет ќе одржи концерт со новогодишни песни на 30 декември од 18 часот. На 31 декември преку ден ќе настапат децата од фестивалот Распеано симитче, диџеј Боно, а ќе се одржи и дефиле под маски и пристигнување на Дедо Мраз.