АВТОРИТЕ НА ЦРКВАТА „СВ. КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА“ ВО СКОПЈЕ ЈА ДОБИЈА ГОЛЕМАТА ГОДИШНА НАГРАДА ЗА АРХИТЕКТУРА

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

 

Архитектите Искра Лековска и Владимир Лековски од архитектонското студио „Лелелеле“, за проектот Православен храм – црква „Св. Рамноапостоли цар Константин и царица Елена“ во Скопје ја добија Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2025.

Наградата на добитниците синоќа (26 декември) им ја врачи покровителката, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ).

Претседателката кажа дека во услови на забрзана урбанизација, финансиски интереси и економски притисоци, архитектот, според неа, има обврска да го штити јавниот интерес и да го брани јавниот простор, просторот како заедничко добро, градејќи рамнотежа меѓу потребите на сегашноста и одговорноста кон иднината.

За авторите на награденото архитектонско дело, црквата „Св. Константин и Св. Елена“ е метафора за македонската колективна меморија и идентитет и ја персонифицира хармонијата меѓу небото и земјата, духовното и световното, традицијата и современоста.

(Фото: К. Попов)