Бендот „Корка“ од Кочани ја започна првата интернационална турнеја со седум концерти во шест држави. Таа почна во Приштина, продолжи во Подгорица, а утре (6 јануари) бендот настапува во Задар. На 8 и 9 јануари ќе има два настапи во Љубљана.
Последниот концерт од регионалната турнеја е во Белград на 11 јануари. Бендот ќе одржи концерт во Скопје, во клубот „Котур“ на 19 јануари.
Оваа турнеја доаѓа по неколку настапи надвор од Македонија, како оној на фестивалот „Чанговер“ во Белград.
Рок бендот ја доби наградата на публиката на натпреварот за млади музички таленти „Imagine Music Experience“, што се одржа во Брисел. „Корка“ беше македонски претставник на овој меѓународен натпревар за музичари од 13 до 21 година и доби најмногу гласови во онлајн гласањето во декември.
Бендот го издаде првиот миниалбум насловен „Корка“ во мај 2025 и веќе ѝ е добро познат на македонската публика по настапите во Кочани, Скопје и Битола. „Корка“ работи со независната музичка издавачка куќа „Мртов коњ“, која е организатор на оваа турнеја.