Словенечката трап и аренби пејачка Сенидах ќе одржи концерт во Скопје на 14 февруари во салата „Јане Сандански“, објави продукцијата „Скај ивентс“.
„Секогаш чувствувам посебна енергија кога сум во Скопје и со нетрпение се подготвувам за оваа средба. Концертот ќе биде ноќ полна со емоции и силна музика. Едвај чекам повторно да се видиме, да пееме заедно и да ја споделиме таа енергија“, рече Сенидах, која има милионски преслушувања на песните на дигиталните платформи.
Сенидах има снимено три албуми, а актуелна е со новиот албум „Сен и Дах“. Има добиено повеќе регионални награди,
Влезниците се продаваат преку бесплатната апликација eFinity и преку платформата Wayin.mk.