По десет години пауза, Бруно Марс го објави својот прв соло сингл. Песната „I Just Might“ е најава за неговиот четврти студиски албум насловен „The Romantic“, кој излегува на 27 февруари.
Тој веќе најави и турнеја, која почнува во април, при што „Форбс“ објави дека во еден ден биле продадени рекордни 2,1 милион влезници.
И покрај долгата пауза, Марс имаше успешна година зад себе. Неговиот дует со Леди Гага „Die With A Smile“ стана песна која најбрзо стигнала до милијарда преслушувања на Спотифај, додека дуетот со корејската пејачка Розе „APT“ беше најстримуваната песна на Епл мјузик лани и беше прогласена за песна на годината на Музичките награди на Ем-Ти-Ви.
Минатата година, тој исто така стана првиот музичар со повеќе од 150 милиони слушатели на Спотифај месечно.