Пред нејзиниот 80. роденден вчера (19 јануари), Доли Партон објави нова верзија на нејзиниот сингл од 1977 година „Light of a Clear Blue Morning“, во кој се учествуваат пејачите Лејни Вилсон, Квин Латифа, Реба Мекинтајр и Мајли Сајрус.
„Првично напишана и снимена пред 50 години во 1976, за време на период на лична транзиција и обновен оптимизам, песната долго време стои како едно од најинспиративните дела на Доли“, се вели во објавата од тимот на Партон.
Приходите од песната и спотот ќе бидат донирани за истражувања на рак кај децата во детската болница во Нешвил, Тенеси.
Сојузната држава Тенеси, која е дом на Партон и нејзиниот тематски парк Доливуд, го прогласи вчерашниот ден за „Ден на Доли Партон“.
„Животот и кариерата на Доли Партон се вткаени во музиката, културата и богатата историја на Тенеси. Нејзините талент и дарежливост оставија траен белег врз светот и соодветно е да го одбележиме нејзиниот 80. роденден со прославување на нејзиното извонредно наследство“, рече гувернерот Бил Ли.