Хелена Бонам Картер ќе ја игра принцезата Маргарет во третата сезона на ТВ-серијата „Круна“, потврди „Нетфликс“.
Британската глумица со месеци беше поврзувана со серијата, но сега официјално е назначена како наследничка на колешката Ванеса Кирби.
„Не знам за што сум повеќе преплашена, да ѝ одговарам повеќе на вистинската принцеза Маргарет или пак да ги следам стапките на Ванеса“, изјави глумицата, шегувајќи се: „Единствено што можам да гарантирам е дека ќе бидам пократка”.
Претходните кралски улоги на Бонам Картер ги вклучуваат Кралицата Мајка во „Говорот на кралот“ и Црвената кралица во „Алиса во земјата на чудата“.
Двојната оскаровка наскоро ја очекува премиерата на филмот „Оушн 8“, со голем број актерки од холивудската А-листа.
„Нетфликс“ исто така објави дека Џејсон Воткинс ќе се приклучи на кралската драма како премиерот Харолд Вилсон.
Следната сезона на „Круна“ треба да почне со снимање ова лето, а следната година ќе им биде достапна на претплатниците на „Нетфликс“.