ПРИНЦОТ ХАРИ ОСЛАБЕЛ СЕДУМ КИЛОГРАМИ И ГИ ОТКАЖАЛ ЦИГАРИТЕ

Лондон, (Телеграф)

За многу невести и младоженци, приоритет е да изгледаат одлично на нивната венчавка. Принцот Хари и Меган Маркл не се исклучок.

Според „Дејли мејл“, Хари ѝ се придружил на Меган во здравиот начин на живот. Тоа вклучувало цедени сокови и исфрлување на сите видови јагленихидрати и на грицки од исхраната. Место да ужива во благи, Хари сега јаде брокула и киноа и благодарение на овој режим, ослабел седум килограми.

„Меган му прави смути од овошје и зеленчук, а, исто така, му го исфрли и месото“, вели извор за „Дејли мејл“.

Покрај здравите оброци, Хари редовно оди во теретана изминатов период. Ангажирал личен тренер и речиси секој ден е во сала во седум часот. Според „Вог“, откако Меган се преселила во палатата Кенсингтон, Хари престанал да пуши и пие алкохол.

Хари наскоро, конечно, ќе се запознае со таткото на Меган, Томас Маркл, кој потврдил дека доаѓа на свадбата на 19 мај, заедно со мајка ѝ Дорија. Тие планираат да дојдат во Велика Британија една недела пред свадбата, при што ќе се запознаат и со кралицата Елизабета Втора и со принцот Чарлс.