КОНЦЕРТ НА „ТАНЕЦ“ ВО ЧЕСТ НА ПОЧИНАТИОТ КОРЕОГРАФ И ИГРАОРЕЦ СИМЕОН ЧУЛЕВ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Ансамблот „Танец“ ќе одржи концерт во Скопје на 27 февруари, од 19:30 часот во Македонскиот народен театар (МНТ), во чест играорецот и кореограф Симеон Чулев (фото), кој почина во декември 2025. Концертот е насловен „Чекори што не згаснуваат“.

„Симеон не беше само дел од овој ансамбл, тој беше дел од душата на секое оро, секој чекор и секое искрено ‘Аирлија!‘ зад сцената. Со своите посветеност, ведар дух и неизмерна љубов кон татковината, тој остави трага што времето не може да ја избрише“, велат од „Танец“.

Билетите се продаваат на билетарницата на МНТ и онлајн на неговата страница.