БИТОЛСКИ ТЕАТАР СО „ЦРНО СЕМЕ“ НА 20 ФЕВРУАРИ ГОСТУВА ВО МНТ

Скопје, (СМАРТ. СДК.МК)

Народниот театар Битола со претставата „Црно семе“ на 20 февруари ќе гостува во  Македонскиот народен театар (МНТ), во 20 часот. Станува збор за сценска адаптација на истоимениот антологиски роман на Ташко Георгиевски, во режија на Андреј Цветановски.

Драматизацијата е на Јелена Цветановска, сценографијата на Сергеј Светозарев, костимите на Благој Мицевски, сценските движења на Дамјан Цветановски, а музиката е на Димитар Андоновски.

Во претставата настапуваат: Мартин Мирчевски, Огнен Дранговски, Васко Мавровски, Никола Стефанов, Петар Спировски, Никола Пројчевски, Хари Михајловски, Александар Стефановски, Петар Горко, Борче Ѓаковски, Живко Борисовски, Марија Цветановска, Александар Димитровски, Александар Копања, Давид Балтовски, Филип Стефановски, Виктор Крстевски и Александар Ѓоргиовски.

„Ако ние не ги раскажуваме нашите приказни, никој друг нема. Затоа мора да се сеќаваме на имињата и судбините на нашите луѓе“, вели режисерот Цветановски.

Билетите се пуштени во продажба и се достапни онлајн.