Ѕвездата на ТВ-серијата „Чудни нешта“ (Stranger Things), Маја Хок, се омажи со пејачот Кристијан Ли Хатсон. Дваесет и седумгодишната глумица и Хатсон (35) се венчаа на 14 февруари, Денот на вљубените, во Њујорк.
На свеченоста присуствуваа и славните родители на Маја, холивудските ѕвезди Ума Турман и Итан Хок, како и многу од нејзините колеги од серијата, вклучувајќи ги Фин Волфхард, Гејтен Матарацо, Кејлеб Меклафлин, Сејди Синк, Наталија Дајер, Чарли Хитон и Џо Кири.

Маја носеше бела венчаница со предимензиониран зимски капут со пердувести детали, а Хатсон класичен смокинг.
Ума Турман и Итан Хок беа во брак од 1998 до 2005 година. Покрај Маја, го имаат и синот Левон Роан.
(Фото: Бекгрид)