„Нокаут“ ќе прослави 30 години на сцената со концерт на 9 мај во салата „Јане Сандански“. Бендот најавува настан со најголемие хитови „Еј Би Си“, „Временска машина“, „Би се викал те сакам“, „Кога ме сакаш ти“, „Лебедот бел“, „Знаеш каде да ма најдеш“ и многу други.
„Фасцинантна овална бина, концертен ринг сместен на самиот центар во средината на салата, моќно озвучување, светлосни ефекти и голем ЛЕД-екран сместен на плафонот од сцената за првпат ќе ја претворат салата ‘Јане Сандански’ во вистинска музичка арена од 360 степени“, велат организаторите.
Гости на концертот ќе бидат Игор Џамбазов, Дарко Гелев- Брејк, „Дупер“, Дарко Димитров, Дамјан Пејчиноски и други. Билетите ќе се продаваат од 18 февруари преку мрежата на wayin.mk.
Фото: К. Попов