Британскиот бенд „Дјуран Дјуран“ потврди на официјалниот инстаграм профил дека доаѓа во Македонија и од „Авалон“ дополнително објавија дека концертот ќе се одржи на 2 јули во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
„‘Дјуран Дјуран’ се враќа во Италија ова лето за три специјални настапи во живо. Наскоро ќе бидат објавени повеќе европски датуми, вклучувајќи настапи во Данска, Холандија, Чешка, Унгарија, Бугарија, Македонија, Србија и други“, стои во објавата на бендот на Инстаграм.
Неколку часа потоа, продукцијата „Авалон“ на социјалните мрежи објави стихови од големиот хит на бендот од 1983, „Is There Something I Should Know?“ и со тоа навести дека е можно тие да се организатори на овој концерт.
„Дјуран Дјуран“ одржа концерт во Скопје на 7 јули 2012, исто во организација на „Авалон“.