Метал бендот „Лавина“ победи на националниот избор за српски претставник за Евровизија во Белград со песната „Крај мене“. Бендот ќе ја претставува Србија на Евровизија во Виена на првото полуфинале на 12 мај.
„Лавина“ е прогресивен метал бенд. Формирани се кон средината на 2020 во Ниш, а нивниот прв албум „Одисеја“ е издаден во 2022.
Имаат настапувано Арсенал Фест во Крагуевац, како и во многу градови низ Европа.
Лавина е шестчлен бенд, а за релативно кусо време од нивното формирање во клубови и на фестивали низ Србија и во Европа го промовираа првиот албум. Имаат свирено на фестивали во Будимпешта, Прага, Братислава, Загреб, Солун, Софија и други градови.
Фото: Танјуг