Авторот Анде Јанков во родниот Велес го промовираше неговиот роман „Мементо мори“. Тоа е неговиот шести роман со крими содржина. Издавач е „Антолог“.
„Ова е петто продолжение за инспекторот Николов. Со оваа книга дојдов до средина од планираниот серијал од девет романи. Инспирација никогаш не не недостасува. Фатив терк на занаетот, сега се обидувам да додадам некои елементи кои досега ги немало во моите книги“, кажа Јанков.
Тој е автор и на романите „Едно лето на Крит“ (2016), „Виенски гамбит“ (2020), „Сигурен ризик“ (2021), „Само Бог простува“ (2022) и „Кобајаши Мару“ (2024).
„Тие што го знаат авторот Јанков знаат дека шармантниот инспектор Николов излегува како победник од вртлогот на настани од претходните романи, сам против злото, а во оваа книга е сам против сите. Ако го погледнеме целиот серијал, ќе воочиме градација. За читателите, оваа приказна изобилува со луцидни пресврти, интригантни тригери, неизвесност и адреналин, па страниците се голтаат по примерот на највозбудливите светски трилери“, рече промоторката Софија Стојков.
Промоцијата се одржа на Mалата сцена на Велешкиот театар.
П. ПЕЧКОВ