Новата дигитална платформа „Спотли“ започнува со воведување систем за резервации и управување со посетеност во ресторани, барови, клубови и на настани.
Креаторите на платформата велат дека системот има за цел да го поедностави планирањето на излегувањата и да им помогне на угостителските објекти поефикасно да го организираат својот простор. Платформата им овозможува на корисниците брзо да резервираат термин и каде што е можно, да изберат конкретна маса според сопствените желби.
„Нашата цел е да внесеме јасност и сигурност во искуството на излегување, и за гостите и за угостителските објекти. Кога резервацијата е сигурна, целото искуство започнува подобро“, вели Јован Фичорски, коосновач на „Спотли“.
Платформата дава целосна контрола врз достапноста и распоредот, а една од клучните функционалности е можноста за депозит потврда на резервацијата.
„Со јасен увид во резервациите и со депозит потврда, објектите добиваат попредвидлив тек на гости и подобро искористување на капацитетот во најважните часови“, вели Лука Наумовски, коосновач на платформата.
Фото: Ѓ. Личовски