Вечерва (2 април) од 20 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ во Скопје ќе настапи Тони Зен на настан насловен „Изборот на Тони Зен“. Ова е дел од фестивалот за литература и општа култура „Видик“, кој обединува различни уметници.
Тони Зен ќе настапи со Ратко Даутовски на перкусии, Борислав Миланов на саксофон и флејта, Мартин Јосифовски на бас гитара и Ади Имери на гитара.
„Публиката ќе има можност да ужива во внимателно одбран музички сет, во интимна атмосфера и изведба во живо на познати и нови песни“, велат организаторите.