Оскаровката Натали Портман потврди дека го чека третото дете. Таа роди две деца во бракот со Бенжамен Милепјед, а ова ќе ѝ биде прво дете со партнерот Танги Дестабл, француски продуцент на електронска музика кој настапува под името Тепр.
„Танги и јас сме многу возбудени. Многу сум благодарна, зашто знам дека ова е голема привилегија и чудо“, изјави 44-годишната Портман.
Таа се разведе од францускиот кореограф Милепјед во 2024 по 11 години брак. Со него ги доби синот Алеф (14) и ќерката Амалија (9). Врската со Дестабл ја почна во март минатата година.
(Фото: АП)