Речиси 20 години откако оригиналниот филм стана поп феномен, актерите од „Ѓаволот носи Прада“ се обединија на светската премиера на вториот дел, што се одржа во Њујорк.

Мерил Стрип, Ен Хатавеј, Стенли Тучи и Емили Блант се појавија на црвениот тепих во центарот „Линколн“, прославувајќи го враќањето во светот на модата и модното списание „Ранвеј“. Настанот се пренесуваше во живо на „Дизни+“.

Продолжението ја следи Миранда Пристли (Стрип) додека се справува со променливиот медиумски пејзаж, принудена да се соочи со својата поранешна асистентка Емили Чарлтон (Блант), која сега е моќна извршна директорка во луксузен бренд. Енди Сакс (Хетавеј) исто така се враќа во екипата, сега како истакната уредничка.
Филмот во режија на Дејвид Франкерл доаѓа во кината на 1 мај.

