Хепберн и Трејси, Богарт и Бекол, Џоел Коен и Френсис Мекдорманд: филмската магија често има вистински љубовни приказни зад неа, но ѕвездите во Кан велат дека мора да се внимателни кога мешаат работа и љубов.
Шпанската ѕвездена двојка, Пенелопе Круз и Хавиер Бардем, кои ги заменија Анџелина Џоли и Бред Пит како водечки пар на А-листата на црвениот килим на Кан, веќе имаат работено заедно на девет филмови, но велат дека не се брзаат да се вратат наскоро заедно на сет.
По премиерата на нивниот нов трилер, „Секој знае” во режија на иранскиот оскаровец Асгар Фархади, кој го отвори фестивалот, Круз рече дека иако ужива во работата со својот сопруг, таа не би сакала да го прави тоа цело време.
„Тоа не е нешто што планираме да го правиме на секои две години”, рече таа.
Круз кажа дека таа и Бардем, со кого има две деца, биле подеднакво платени за филмот и имале строги правила околу објавување на емоциите за време на сет.
„Нема да ви го подобри животот, ако користите одредени работи од приватноста за време на снимањето. Доволно е, и помага фактот дека се познаваме и си веруваме еден на друг”, рече Круз.