Балада од Принс е објавена по повод десет години од неговата смрт. Од неговата задужбина велат дека песната „With This Tear“ е своевидна најава на албум со необјавени песни од Принс, што треба да излезе оваа година, за кој други детали не се објавени.
Принс ја снимил песната „With This Tear“ во 1991, но прво ја објави Селин Дион на нејзиниот истоимен албум од 1992.
„Таа беше подарок што секогаш ќе го ценам. Ја носев оваа песна со мене сите овие години. Да се чуе неговата верзија за првпат е посебно чувство“, се огласи Дион на Инстаграм.
Принс почина на 57 години на 21 април 2016.
„‘With This Tear‘ претставува почеток на низата необјавени снимки на Принс што ќе бидат објавени оваа година“, соопшти задужбината на славниот музичар.
(Фото: Фејсбук)