ПО БУКУРЕШТ, „КАФЕ ДЕ АНАТОЛИЈА“ СО НАСТАП ВО СКОПЈЕ НА 8 МАЈ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Македонскиот состав „Кафе де Анатолија“ имаше успешен промотивен настап во Букурешт, Романија со публика од целиот свет.

По настапите во Романија, Малта, Дубаи, Ибица и Санторини, продукцијата куќа ќе настапи во Скопје, во „Јавна соба“ на 8 мај.

„Скопскиот настап е дел нашата нивната актуелна европска приказна и ќе понуди комплетен концертен концепт, не само диџеј сет, туку и визуелно и звучно патување за публиката“, велат од „Кафе де Анатолија“.

Со над 2 милијарди стримови и повеќе од 30 милиони слушатели од светот, составот се вбројува меѓу највлијателните независни музички платформи.

По соработката со домашни и странски диџеи и продуценти и по настапите низ целиот свет, продукциската куќа „Кафе де Анатолија“ од Виничко стана меѓународно позната.

Сега работат со над 4.000 диџеи и продуценти од целиот свет, меѓу кои Армен Миран, Меркан Деде, Зума Динос и други.

„Хаус музиката со етно елементи од различни култури од целиот свет, не само од Македонија. станува тренд во музичката индустрија, а ние сме едни од главните промотори“, велат од „Кафе де Анатолија“.

Составот е основан во 2017 од таткото Зоран Илиев и ќерката и синот, Моника Илиева и Никола Илиев.