Националниот џез оркестар на 5 мај ќе настапи на манифестацијата „Денови на македонската култура“ во Белгија. Настанот се одржува во културниот центар „Бозар“ во Брисел.
НЏО настапува со својата програма „Македонски сновиденија“, уникатна фузија на македонски фолклорни мотиви и современ џез. Диригент на концертот е маестро Владимир Николов.
Ова е дел од пошироката програма на „Денови на македонската култура“, која има за цел да ги афирмира македонските уметност и култура пред европската публика.