ХРВАТСКА И СРБИЈА ВО ФИНАЛЕТО НА ЕВРОВИЗИЈА, БОЈ ЏОРЏ НЕ УСПЕА СО САН МАРИНО

Виена, (Би-Би-Си)

Хрватска, Србија и Израел се меѓу земјите кои се пласираа во финалето на Евровизија во Виена по првата полуфинална вечер. Пет земји, вклучувајќи го седумкратниот победник Ирска, ја бојкотираат годинашната Евровизија поради учеството на Израел.

Настапот на Ноам Бетан изнуди мешани реакции од публиката. Оттаму можеа да се слушнат и свирежи и антиизраелски слогани, додека други го извикуваа името на пејачот во знак на поддршка. Австриската телевизија „ОРФ“ кажа дека нема да цензурира негативни реакции кон кој било учесник.

Европската радиодифузна унија, која го организира шоуто, соопшти дека неколкумина гледачи биле отстранети од салата поради недолично однесување.

Во финалето се пласираа и Белгија, Финска, Грција, Литванија, Молдавија, Полска и Шведска, но не и британскиот пејач Бој Џорџ, кој настапи со претставничката на Сан Марино.

(Фото: Фејсбук)