СО КОНЦЕРТОТ НА ТРИОТО „АПЕРТО“, КИЦ ВО ЗАГРЕБ ЌЕ ЈА ОТВОРИ КОНЦЕРТНАТА СЕЗОНА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Со настапот на реномираното трио „Аперто“, во состав Марина Трајковска (виолина), Момчило Куфојанакис (виолина) и Весна Ангелова-Христов (пијано), македонскиот КИЦ во Загреб вечерва (19 мај) ја отвора концертната програма за оваа година.
Триото „Аперто“ во изминатите години имаше успешни концерти во повеќе градови во Македонија, како и во Тирана, Истанбул и Њујорк.
„На концертот ќе се свири внимателно избрана програма, која опфаќа различни епохи и музички стилови, со особен акцент на македонското современо творештво, регионалната музичка соработка и дела од светската класична музика“, велат од триото.