Денеска (4 јуни) од 20 часот, во Големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе се одржи концерт на Националниот џез оркестар, со кој ќе биде отворено првото издание на Џез стрим фестивалот. Ќе диригира маестро Џијан Емин. Ова ќе биде прво гостување на НЏО во Струмица.
„Џез стрим е нов фестивал што ќе донесе квалитетна џез програма и свежа музичка енергија во градот“, велат од НЏО.
Концертот е со бесплатен влез, а билетите можат однапред да се резервираат преку antonpanov.mk.