На 8 август од 20:30 часот, на Ракометното игралиште во Битола ќе се одржи С.О.С. фестивал, кој е дел од БитФест 2026. Организаторите го најавуваат фестивалот како музички собир со внимателно избрана програма, но и како симболичен повик против турбофолкот, шундот и кичот, идеја што ја споменува и актерот Игор Џамбазов.
Меѓу првите најавени учесници се „2Бона“ (фото), „Кун“ и Тонито, препознатливи на домашната трап сцена.
С.О.С. фестивалот е во организација на продукцијата „Фреш јунион“, а билетите се продаваат преку мрежата на wayin.mk.