ВО СТРУМИЧКИОТ ТЕАТАР ПОЧНАА ПРОБИТЕ ЗА ПРЕТСТАВАТА „ПОРУЧНИКОТ ОД ИНИШМОР“ ВО РЕЖИЈА НА ИВАНА АНГЕЛОВСКА

Струмица, (САКАМДАКАЖАМ.МК)

Во струмичкиот театар „Антон Панов“ почнаа пробите за претставата „Поручникот од Инишмор“ од ирскиот драмски автор Мартин Мекдона. Претставата е во режија и адаптација на Ивана Ангеловска, а драматург на проектот е Весна Куслевска.

Во претставата играат Коста Ангов, Анкица Бенинова, Ванчо Василев, Михаил Велков, Стојан Велков и Игор Тодоров.

Од Струмичкиот театар велат дека станува збор за едно од најпознатите драмски дела на Мекдона, црна комедија која преку специфичен хумор, апсурдни ситуации и силна драмска тензија отвора прашања за насилството, идеологиите и човековата природа.

Премиерата е планирана за 15 јули.

В. ТРАЈКОВ