МЕКСИКАНСКИОТ ГОЛМАН ОЧОА ЌЕ ИГРА НА РЕКОРДНОТО ШЕСТО СВЕТСКО ПРВЕНСТВО, ЗАЕДНО СО РОНАЛДО И МЕСИ

Мексико, (Ројтерс)

Не се само Кристијано Роналдо и Лео Меси, и мексиканскиот голман Гилермо Очоа ќе игра на своето шесто светско првенство. Четириесетгодишниот Очоа е вклучен во мексиканската репрезентација која ќе настапи на претстојното Светско првенство во САД, Канада и Мексико, со што ќе биде еден од рекордерите.

И додека Роналдо и Меси редовно настапуваа за Португалија и Аргентина, Очоа поретко беше повикуван во националниот тим во изминатите години. Тој ја помина оваа сезона во кипарскиот тим АЕЛ Лимасол.

Како и Роналдо и Меси, и Очоа дебитираше на светските првенства во 2006 во Германија. Тој досега има 152 настапи за Мексико.

(Фото: Гети)