САРА КЛИМОСКА ГО СНИМА КРАТКИОТ ФИЛМ „ВРЗАНИ“

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Почна снимањето на краткометражниот игран филм „Врзани“ во режија на Сара Климоска, во продукција на „Унита филм“. Продуцент на филмот е Вардан Тозија, копродуцент е Лидија Ивановски. Климоска, која е и актерка, во 2024 го сними филмот краткиот независен филм „Нова Енергија“, по нејзино сценарио и режија.

Од продукцијата велат дека „Врзани“ е приказна за Ева, млада жена растргната помеѓу должноста да се грижи за својата болна и контролирачка мајка и потребата конечно да го живее сопствениот живот.

„Кога неочекуван сплет на околности ќе ја донесе пред одлука што изгледа невозможна, Ева е принудена да се соочи со границите на љубовта, жртвата и личната слобода“, велат од „Унита филм“.

Главните улоги ги играат: Лео Поповиќ и Ана Костовска. Директор на фотографија е Александар Крстевски, сценографијата е на Симе Атанасиевиќ. Костимографка е Жаклина Крстевска, а шминката е на Снежана Ангеловска-Живковска.