ДЕЈВИД ГЕТА МУ ДАДЕ ПОДДРШКА НА МАКЕДОНСКИОТ ДИЏЕЈ ГАЛОСКИ ЗА НОВИОТ СИНГЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Францускиот диџеј и продуцент Дејвид Гета повторно му даде поддршка на македонскиот продуцент и диџеј Галоски, овојпат за неговиот новиот сингл „To the Beat“. Песната беше објавена на 19 јуни преку „Смеш д Хаус“, издавачката куќа на белгиското дуо Димитри Вегас и Лајк Мајк, а истата вечер премиерно беше емитувана во радиоемисијата на Дејвид Гета.

Музиката на Галоски со години добива поддршка од водечките диџеи на светската електронска сцена, меѓу кои Тиесто, Армин ван Бурен, Мартин Гарикс и Соломун. Минатата година, членовите на „Свидиш хаус мафија“, Аксвел, Стив Анџело и Себастијан Ингросо, промовираа негова песна на фестивалот „Тумороуленд“ во Белгија.

Галоски продолжува да ја гради својата интернационална кариера и преку настапи во Токио, Бангкок, Барселона и Ибица, каде беше дел од Интернационалниот музички самит. Неговиот следен сингл е најавен за 3 јули.