Со концерт на групата „Љубојна“, вечерва (24 јуни) на летната сцена во Крива Паланка ќе биде отворено „Кривопаланечко културно лето 2026“.
Градоначалникот Сашко Митовски преку видеообраќање ги покани граѓаните и посетителите да бидат дел од отворањето на летната сцена во центарот на градот.
„Годинашното издание носи богата програма со повеќе од 60 културни настани: концерти, изложби, театарски претстави, книжевни и музички вечери и содржини за сите генерации“, велат од Општината.